Logo

Краток историјат

Geo-Link Group е логистичкa дистрибутивнa компаниja во Македонија, основанa во 2006 година во Скопје. Основната цел на нашата компанија е задоволството на нашите клиенти.

Грижата за корисниците и разбирањето на потребите на компаниите, стандардизирани во нашите принципи на делување, не обврзуваат на континуирано инвестирање и одржување на високо професионален однос кон понудените услуги и нивната реализација.

Чувството за одговорност за успехот на нашите клиенти, воспоставувањето на партнерски однос и нивната довербата кон нас, не издвојуваат како сериозен провајдер кој придонесува кон успехот на своите корисници. Долгорочните цели на компанијата иницираат професионален и плански развој на ресурсите за да се обезбеди квалитетно и навремено исполнување на превземените обврски.

Индивидуалнит пристап во договарањето и усогласувањето со потребите на клиентите е клучен дел на нашата стратегија за долгорочно позиционирање на брендот кон македонскиот пазар.

Располагаме со возен парк од осум наменски брендирани возила, кои на дневна основа транзитираат до сите поголеми градови низ Македонија.