Geo-Link Group е логистичкa дистрибутивнa компаниja во Македонија, основанa во 2006 година во Скопје. Основната цел на нашата компанија е задоволството на нашите клиенти.
Грижата за корисниците и разбирањето на потребите на компаниите, стандардизирани во нашите принципи на делување, не обврзуваат на континуирано инвестирање и одржување на високо професионален однос кон понудените услуги и нивната реализација.
Чувството за одговорност за успехот на нашите клиенти, воспоставувањето на партнерски однос и нивната довербата кон нас, не издвојуваат како сериозен провајдер кој придонесува кон успехот на своите корисници. Долгорочните цели на компанијата иницираат професионален и плански развој на ресурсите за да се обезбеди квалитетно и навремено исполнување на превземените обврски.
Индивидуалнит пристап во договарањето и усогласувањето со потребите на клиентите е клучен дел на нашата стратегија за долгорочно позиционирање на брендот кон македонскиот пазар.
Располагаме со возен парк од осум наменски брендирани возила, кои на дневна основа транзитираат до сите поголеми градови низ Македонија.
Geo-Link Group е препознатлив на пазарот на транспортни и дистрибутерски услуги кон домашните и странските компании како доверлив партнер и поддржувач на реализацијата на Вашите основни цели.
Нудиме брзо, ефикасно и беспрекорно превезување на Вашите производи до бараните дестинации во Македонија.
Транспортот е главната алатка за ефикасно работење на секоја компанија. Токму затоа, ги правиме сите разумни напори за да ги задоволиме вашите потреби од навремен, безбеден транспорт на стоки и предмети.
Максимум услуги и минимум трошоци е финалниот резултат кој го добивате како резултат на нашите активности. Користејки ги секојдневно услугите на Geo-Link Group, нашите корисници успешно (во целост или делумно) ги пренесуваат сите потреби од транспорт, логистика и дистрибуција на доверлив партнер. Со ова, изостанува потребата за инвестирање, оперирање и одржување на сопствен систем за дистрибуција, што несомнено претставува директна заштеда и олеснето работење.
Цените и услугите се одредувааат според Вашите потреби. Тука сме да ги слушнеме вашите потреби, отворени сме за консултации и за заедничко планирање на активностите согласно барањата на вашиот бизнис.